Собранието на Република Македонија ќе ја одржи осмата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 8. седница на чиј дневен ред се Предлог на завршната сметка на Буџетот на РМ за 2016 година, повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции.
Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, како и Предлог - законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.
На дневен ред се и предлог закони во прво читање поднесени од пратеници од опозицијата како што се Предлог- законот за докторска дејност, Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог-законот за изменување на Законот за јавното обвинителство.
На оваа седница ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра