Македонија
27. November 2018 - 19:13

Собранието му го одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски

Собранието ги одобри барањата на судот за одредување притвор на пратеникот Никола Груевски. За одлуката за одземање на имунитетот на поранешниот премиер, гласаа 62 пратеници.

На седницата не беа присутни пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои не дојдоа ниту на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, која му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на екс премиерот.

За опозицијата пак, воопшто не е важно каква одлука ќе донесе Собранието, Според нив, азилот зборува сам за себе.

Груевски и во Будимпешта беше топ тема на седницата за пратенички прашања. Унгарскиот премиер Орбан пред пратениците рече дека е многу зафатен и немал време да се види со Груевски. Уште еднаш повтори колку ја цени неговата поддршка во справувањето со бегалската криза.

Орбан уште еднаш потенцираше дека се сомнева во капацитетеот на македонското судство и неговата неселективност и независност при одлучувањето.