Македонија
30. July 2021 - 8:33

Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 48. седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања.

Пратеничките прашања најчесто се одржуваат секој последен четврток во месецот, а предност за поставување прашања до премиерот и министрите имаат опозициските народни избраници.