Собранието ќе ја продолжи седницата за избор на министри и заменици
Собранието денеска напладне треба да ја продолжи 110-тата седница за избор на нови членови на Владата – двајца министри и тројца заменици-министри, која беше прекината доцна синоќа по неколкучасовна расправа.
Во фокусот на расправата беше предлогот нов министер за финансии да биде 31-годишната Нина Ангеловска, основачка на Групер.мк. Пратениците го критикуваа предлогот на премиерот Ангеловска да биде министер за финансии затоа што, како што посочија, тоа е најсериозна функција во Владата по премиерската.
Сметаат дека државната каса ѝ се дава на неискусна личност која нема познавања од јавните финансии и дека е ризично да се експериментира во време на „девастирана економија“ и кога, според нив, „задолжувањето, криминалот и корупцијата се алармантни“.
Во одбрана на предлогот, премиерот Заев одговори дека Ангеловска е успешен менаџер во управување со сложени системи и дека покажала оти прогресивни методи во светот може да се применат кај нас.
-Со вакви пораки и недавање шанса, не ги мотивирате младите да останат и да создаваат тука, им порача Заев на опозициските пратеници, кои во дискусијата обвинија за негативна состојба во економијата и за финансиска криза.
Ангеловска треба да ја наследи функцијата на Драган Тевдовски кој не е министер за финансии по реконструкцијата на Владата во јуни.
За нов министер во Владата е предложен и Хисен Џемаили, кој треба да раководи со ресорот за подобрување на инвестициската клима. За заменици-министри има три предлози – Кирил Колемишевски за економија, Елизабета Наумовска за образование и наука и Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април