Македонија
12. November 2015 - 8:41

Собранието ќе ја продолжи 71.седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 71. седница со расправа по измените на Законот за задолжителни нафтени резерви, Законот за персоналниот данок на доход и на Законот за платниот промет, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање, и Предлог-законот за амнестија, во прво читање, поднесен од 11.069 избирачи.