Македонија
7. September 2016 - 9:03

Собранието ќе ја одржи 119. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 119. седница.

На дневен ред на оваа седница, се Предлог законот за дополнување на Законот за катастар на недвижности и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за виното, двата по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

Пратениците треба да расправаат по Барањето за давање автентично толкување на член 368 став 1 од Законот за облигациони односи, поднесено од пратеникот Благоја Деспотоски и Барањето за давање автентично толкување на член 10 став 4 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015 и 217/2016), а во врска со член 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) и и член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.129/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Струга6 Предлог на одлука за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.