Собранието ќе избира нови членови на Владата
Собранието на Република Македонија, како што најави нејзиниот претседател Талат Џафери по гласањето за јавниот обвинител, попладнево треба да ги избере новите членови на Владата, по предлог на премиерот Зоран Заев.
По неколку месеци треба да се избере министер за здравство, а предложен е Венко Филипче. Негов претходник беше Арбен Таравари, кој стана градоначаклник на Гостивар. За министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата на Ромите е предложен Аксел Ахмедовски кој доаѓа на местото на Самка Ибраимовски, а за заменик-министер за образование Арбр Адеми. Ќе се менува и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и на местотот на Власте Димковиќ е предложен Благе Цветковиќ.
За министер без ресор одговорен за странски инвестиции, предлог од Владата се уште нема. Рамиз Мерко, кој беше на оваа функција на локалните избори стана градоначалник на Струга.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор