Македонија
22. August 2018 - 16:06

Собранието ќе им даде пари и на пратениците кои водат кампања „против“ или за „бојкот“ на референдумот

Собранието ќе се вклучи во јавната пропаганда за рефенренудмот на 30 септември. На координацијата на собранискиот спикер Талат Џафери било одлучено да се формира координативно тело што ќе ја води кампањата и ќе учествува во спроведувањето на граѓанското изјаснување. Ова тело ќе го предводи Џафери, а во него ќе бидат вклучени потпретседателите на Собранието и координаторите.

Парите што ќе ги троши парламентот ќе бидат буџетски и ќе се бараат од Владата, но тие ќе се распределат на пратениците кои ќе се изјаснат за која било од трите опции на реферерендумот.

 Собранието, ќе им даде можност на сите пратеници кои се „за“, „против“ или „бојкот“ на Референдумот, пропорционално, според изјаснувањето, да бидат застапени и да можат да ги изразат пред јавноста своите ставови и аргументи. Координативното тело заклучи, Собранието денеска, со допис да се обрати до Владата на РМ за обезбедување финансиски средства за спроведување на јавната кампања, пишува во соопштението од парламентот.

Собранието за оваа намена ќе отвори посебна сметка.

Засега пратениците не се изјаснуваат во каква пропаганда ќе се вклучат или пак, колку пари би побарале за своите активности. Оние што беа во Собранието не ни знаеја за одлуката на кородинација или не сакаа да ја коментираат. Пратеникот од ГРОМ, смета дека граѓаните сами треба да одлучат како ќе се изјаснат на днеот ан гласањето.

-  Сметам дека најоптимално, најприфатливо решение за учество во кампањата е како пратеници на граѓаните кои се наш електорат, кои ги комуницираме, да оставиме слободно согласно своите оценувања и своите одлуки да учествуваат или да не учествуваат на референдумот, да се изјаснуваат позитивно или негативно за многу добро познатото прашање за референдум и многу добро познатите цели и последици кои произлегуваат од консултативниот карактер на референдумот и исходот од негo, изјави панчо Минов, пратеник на ГРОМ.

Се очекува веќе наредниот состанок на координативнотот тело, претставниците  на пратеничките гурупи да се изјаснат за која опција ќе се определат. Како и досега, и на оваа коорднанција на која се одлучуваше за кампањата за рефрендумот не учествуваше претставник на ВМРО-ДПМНЕ, но од кај Џафери најавуваат дека ќе биде контактирано со нив.

Собранието на 30 јули, донесе Одлука за распишување на Референдум и со тоа стана овластен предлагач и носител на јавната пропаганда. Согласно законот за рефрендум, парламентот ја води пропагандата на свој трошок. Останатите заинтересирани страни,согласно упатството на ДИК, ќе можат да имаат своја пропаганда, но по комерцијални цени и во термини надвор од предвидените за пропагандата.