Собранието ќе ги одржи 63. и 64. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 63-та и 64-та седница.
Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и Предлог- законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се на дневниот ред на 63.седница.
На оваа седница ќе се расправа и по повеќе измени и дополнувања на закони од различни области, во скратена постапка, а пратениците ќе дискутираат и за предлог - законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце - Прешево и на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија.
Собранието ќе ја продолжи и 64. седница на чиј дневен ред, исто така се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.
Пратениците треба да се изјаснат за измените и дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните, на Законот за безбедност на храната за животни, на Законот за сточарството, на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за виното, на Законот за заштита и благосостојба на животните, на Законот за органско земјоделско производство, на Законот за ветеринарно - медицински препарати и други, по скратена постапка.
На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за хемикалии, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за прекурзори, на Законот за јавно здравје, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и други сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за инвалидски организации, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за семејството, на Законот за социјалната заштита, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, на Законот за јавните собири, на Законот за оружјето на Законот за азил и привремена заштита и други, сите по скратена постапка. цр/ев/07:39
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација