Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи
Собранието со 62 гласа „за“ ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи за која премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување, а барањето следуваше откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.
Премиерот на седницата за разрешувањето на Мизрахи рече дека несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.
-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.
Министерката Мизрахи пак рече дека нарушените меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење проблеми, очајни граѓани, исплашени вработени во МТСП, се проблемите на Министерството за труд и социјална политика.
-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи за чие разрешување вечерва дискутираа пратениците.
Таа посочи дека не може да разбере кога некој ја критикува поради верска и национална припадност. Потсети дека нејзините напади биле осудени од претставниците на ОБСЕ во Македонија, а со, како што рече, бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го регистрираа.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа