Македонија
18. April 2017 - 17:41

Собранието ја продолжува конститутивната седница

По празничниот одмор продолжи дебатата во Собранието, но без промени во спротивставените ставови. ВМРО-ДПМНЕ бара откажување од реализација на Тиранската платформа и нови парламентарни избори. За СДСМ пак не постои платформа, туку програма на новата реформска Влада.

Пратениците од албанскиот блок остануваат на ставот дека со официјализирање на албанскиот јазик, ќе се унапредат демократските процеси во земјава.

Конститутивната седница на Собранието продолжува и утре. Пратениците и натаму дебатираат за третата точка од дневниот ред, за избор на претседател и состав на комисијата за избор и именувања.