-->
-->
Собранието ја продолжи шестата седница
-->
Собранието по едночасовната пауза што ја побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во името на, како што наведе, седмата пратеничка група, ја продолжи шестата седница со расправа по четрвртата точка - предлог одлука за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
Следна точка на дневниот ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
На шестата седница ќе се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација