Македонија
10. July 2017 - 12:49

Собранието ја продолжи шестата седница

Собранието по едночасовната пауза што ја побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во името на, како што наведе, седмата пратеничка група, ја продолжи шестата седница со расправа по четрвртата точка - предлог одлука за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. 

Следна точка на дневниот ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. 

На шестата седница ќе се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.