Собранието ја изгласа Одлуката за основање на постојани работни тела
Пратениците на денешната трета собраниска седница ја изгласаа Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.
За Одлуката, која беше поднесена од пратениците од Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски, гласаа 98 пратеници, воздржани и против немаше.
Претходно беше завршена конститутивната собраниска седница на која беа избрани претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.
За денеска напладне е закажано продолжението на втората седница на Парламентот на која треба да се избере новата влада на Република Македонија.
Седницата за избор на новата влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.
Во новата влада, според предлог-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата