Македонија
30. јуни 2021 - 18:39

Собранието го изгласа Законот за субвенциониран студентски оброк

Собранието на Република Македонија попладнево продложи со работата по точки од 43., 39. и од 45. седница. Беше донесен Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, верификуван мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски, а беа донесени и повеќе закони за кои претходно е звршена расправата, меѓу кои од областа на финансиите, градежништвото и земјоделството.

Во рамки на 39. седница пратениците ги донесоа измените и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка.

Со измените се предвидува субвенционирањето на студентски оброк да се врши во точно утврдени периоди од годината и месецот. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 14 септември во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање на студентски оброк, како и за време на државни, верски празници и неработни денови. Со измените, Министерството врши исплата на средствата за користење на правото на субвенциониран студентски оброк на трансакциската сметка која корисникот ја има пријавено во пријавата за стекнување на правото. Исплатата се врши првиот работен ден во месецот во износ еднаков на бројот на субвенционирани оброци, на кои студентот има право месечно. Измените ќе важат само за студентската 2021-2022 година.

Пратеничката од ЛДП Зајкова искажа забелешки дека законот за субвенциониран студентски оброк стапи во сила во февруари 2020 година, но досега системски не е имплементиран, а со измените, вели таа, се менува неговата првична идеја и перцепција.

-Со измените наместо субвенциониран оброк кој треба да стимулира навики за поздрав начин на живот кај младите се предлага систем на финсиска поддршка што може да биде опфатен и со друго законско решение, а студентите да земаат и оброк и џепарлак. Средтсва на сметката на студентот не значат и здрав оброк туку може да бидат користени за сосема друга намена што не е цел на првичниот закон. Дополнително во измените не е опишана постапката  за начинот на кој ќе се користи субевенцијата, рече меѓу другото Зајкова и се заложи за прогресивни решенија кои ќе бидат системски вградени.