Македонија
19. September 2017 - 16:07

Собранието го донесе Законот за стечајците и Законот за укинување на радиодифузната такса

Собранието усвои уште два закони од пакетот со предзнак „социјални“ кои се носат во скратена постапка.

Народните избраници денеска ги изгласаа закони за паричен надоместок за стечајците и укинување на радиодифузната такса.

Законот за материјално обезбедување на невработени поради приватизација на државни компании обезбедува финансиски надоместок од 7 и пол илјади денари до ново вработување или пензионери.

Според опозицијата која го поддржа законот предупреди оти тој има недоследности и повторно нема да ги опфати сите стечајци.. За власта пак со законот се исправа неправдата нанесена врз работниците.

Собранието денека го донесе и законот за укинување на радиодифузната такса.. За пратениците на владеачкото мнозинство, на овој начин граѓаните се ослободуваат ое една непотребна давачка, додека за опозицијата понудениот закон е предизборен маркетинг..

По усвојувањето на законите за укинување на радиодифузната такса и материјално обезбедување на стечајците предложени од власта, на 12-тата собраниска седница продолжи расправата по законот за зголемување на платите за пет проценти за вработени до државната админстрација чиј подносител е опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на која се Расправаше по законот за зголемување на платите на административците беше прекината попладнево а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.