Македонија
11. јуни 2019 - 16:35

Собранието ги констатира оставките на пратениците Никола Груевски и Павле Богоевски

Собранието остана без двајца пратеници од актуелниот состав: Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и независниот пратеник од пратенчката група на СДСМ Павле Богоевски.

Собрнаискиот спикер Талат Џафери најпрво ја констатираше оставката која пред неколку дена ја поднесе Груевски. Експремиерот кој има политички азил од Унгарија оставката ја поднесе писмено и на унагарски јазик, но Џафери се реши да ја примени праксата со оставки од народни избраници кои лично не го образложуваа чинот пред своите колеги.

Со тоа стана безпредметно да се расправа за одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно неоправдано отсуство што всушност и беше на дневен ред на седницата.

Џафери ја констатираше и оставката Богоевски кој согласно највите рече ќе се повлече од пратеничката функција кога ќе престане мандатот на Груевски. Тој заминува од Собранието од морални причини откако пред речиси еден месец беше објавен инкриминирачки телефонски разговор за набавка на наркотици.

Богоевски го искористи правото да ја образложи оставката, но повеќе говореше за заминувањето на Груевски.

Свои коментари дадоа и координаторите на ВМРОД-ПМНЕ и СДСМ.

И Груевски и Богоевски имаат право на апанажа. Експремиерот се уште не се изјаснил дали ќе го користи ова свое право, додека пак, Богоевски рече дека се уште размислува. Независниот пратеник најави враќање во граѓанскиот активизам. Вели дека иако носел тешки политички одлуки не се кае за ниту едно гласање во парламентот.

На местото на Груевски во собраниските клупи треба да седне Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак, на местото на Богоевски – Александар Филиповски од СДСМ.