Македонија
22. May 2019 - 15:14

Собранието ги донесе реформските закони од сферата на безбедноста

Пратениците на денешната седница со двотретинско мнозинство ги изгласаа  реформските закони од сферата на безбедноста кои се значајни за земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Со донесените пакет закони во безбедносниот сектор се очекува да се стави крај концентрацијата на моќ на тајната полиција, а да се создаде ефикасна деполитизирана и департизирана служба во функција на зашати на државата, како и на правата и слободите на граѓаните.

Во рамки на оваа седница Собранието донесе одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството.