Собранието ги донесе измените на Законот за Судски совет
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 22-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа ги донесе измените на Законот за Судскиот совет, по скратена постапка.
Целта на измените е да се префрли надлежноста што досега ја имаше Советот за утврдување на факти при утврдувањето на одговорноста на судиите на Судскиот совет што произлезе од сите досегашни препораки од Венецијанската комисија и извештаите на Прибе.
Согласно препораките, оваа надлежност припаѓа на Судскиот совет, а не на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за одговорност на судија, поради што се предлага и негово укинување по скратена постапка.
Поради поврзаност на двете преостанати точки на дневниот ред со донесените измени и неопходноста прво да се објават во Службен весник претседателот на Собранието ја прекина седницата.
Претходно на почетокот на седницата свечена изјава даде министерот без ресор Аксел Ахмедовски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација