Македонија
12. November 2019 - 16:43

Собрание - власта и опозицијата во жестока дебата

Најавите за повисоки плати во здравството ги скара власта и опозицијата во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за предизворен поткуп, премиерот Заев се правда дека се работи за продобрување на жиботниот стандард. Наместо за новиот предлог заменик –министер за здраствто, собраниската дебата се пренасиочи кон напад на манистерот Филипче.

Присуството на премиерот Заев во собранието, опозициските пратеници го искористијата за да ја потсеат власта на сите дадени а неисполнети предизборни ветувања.

За нов заменик министер за здравство Владата го предложува Арменд Арслани, специјализант по урологија. Тој треба да дојде на оваа оваа функција на местото на Асим Муса кој минатиот месец си поднесе оставка, откако во јавноста беше објавена видео снимка на кој зема пари на рака од  странски пациент.