Македонија
12. August 2017 - 17:58

Собрание: Шест дена расправа за разрешување на Зврлевски, ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Алаѓозовски

Пред речи си празна сала продолжи дебатата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во своите реплики бараа седницата да биде прекината бидејќи согласно изборниот законик, во периодот по распишувањето на локалните избори не е дозволена смена на државни функционери. Според нив, Владата на Заев треба да се посвети на суштинските проблеми како што се серијата пожари и стратегијата за мигранти наместо како што велат, да форисираат незаконска дебата во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ апелираа до своите колеги од СДСМ да се вклучат во дебатата и да ги кажат своите аргументи. Пратнеиците од мнозинството кои денеска ретко беа над десетмина во салата одбија да учествуваат во како што велат, бесмислената расправа

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесоа и шестата интерпелација. Тие побараа да се провери колку Собранието му верува на министерот за клутура

Алаѓозовски е последниот на листата министри кои повторно ќе ја бараат довербата од Собранието. На неа веќе се наоѓаат Николовски, Тевдосвски,  Димитров, Царовска, и Дураку.