Собрани 74 крвни единици во летната крводарителска акција во Велес
Вкупно 74 крвни единици се собрани на првиот ден од дводневната 26-та по ред летна крводарителска акција во Велес што ја организира Општинскиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Како што појасни за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес, со оглед на топлотниот бран тие се задоволни од одзивот на граѓаните кои денеска дошле во фоајето на Театарот во Велес доброволно да даруваат крв.
Тој информира дека 64 од крводарителите биле мажи и 10 жени, а четворица првпат дарувале крв и влегле во организацијата на хуманите. Поради разни здравствени причини како висок притисок и слични проблеми со здравјето,15 граѓани биле вратени од намерата да даруваат крв.
Акцијата продолжува утре од 7:30 до 14:30 часот во климатизираното фоаје на Народниот театар во Велес, а може да се пријават сите полнолетни граѓани кои здравствено добро се чувствуваат, повикуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор