Свет
6. December 2017 - 10:36

Соботка: ЕУ да ги интегрира балканските држави

 Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека Европската унија не смее да ги заборави балканските земји и треба да ги прими како полноправни членки, штом ги исполнат условите за членство.
 
- Доколку сака да биде остане обединета, Европа не смее да ги заборави тие што чекаат пред нејзините порти. Западниот Балкан повеќе пати покажа дека е подготвен да соработува и да ги исполнува потребните реформи. Овие земји ја заслужуваат истата шанса за европска иднина, каква што и беше пружена и на Чешката Република. Не мора да се придружат на нашиот клуб уште утре, но ние мора да ја држиме вратата отворена, наведува Соботка во текст објавен денеска на порталот „Политико“.
 
Во текстот, Соботка ја критикува идејата за поделба на Европската унија на две групи држави, од кои едната група во јадрото на ЕУ ќе се интегрираат се поцврсто и поцврсто, додека другите членки, на периферијата, ќе бидат полабаво поврзани со Брисел.
 
 
- Силата на ЕУ лежи во соработката и во единството. Доколку не се обединиме за да се соочиме со сите предизвици, нема никогаш да ги надминеме, додава Соботка.
 
Тој ја повика идната Влада на Чешка, која допрва треба да се формира, да се позиционира така што ќе биде централен дел од трансформацијата и реформите во ЕУ и да остане цврсто поврзана со централните држави од Унијата.