Свет
2. October 2017 - 11:31

Соботка бара внатрешна разузнавачка агенција

Министерот за внатрешни рабопти на Австрија Волфганг Соботка побара воспоставување внатрешна служба за безбедност, заради поефикасна борба со исламситичките мрежи во државата.

Тој најави дека за ефикасноста на таква служба ќе се консултира со домашни и странски експерти.

- Освен Австрија, само две членки на ЕУ немаат цивилна разузнавачка служба која се занимава со собирање и анализа на информации од државата, објасни тој во изјава за повеќе локални весници.

Австриската армија има контраразузнавачка служба која се занивама со „внатрешни работи“, но и собира информации од странство.