-->
-->
Соборениот египетски претседател Морси осуден на три години затвор
-->
Мухамед Морси, соборениот претседател на Египет, денеска беше осуден на три години затвор поради навреда на судот.
Морси беше водач на организацијата Муслиманско Братство, кој беше избран за претседател на Египет во 2012 година, откако Хосни Мубарак беше соборен при Арапската пролет. Морси беше соборен од власт по една година, во државен удар предводен од генералот Абдел Фатах ал Сиси, кој сега е претседател на Египет. По соборувањето од власт, Морси беше обвинет за низа кривични дела, пред се за издавање наредба за убивање на демонстранти, поддршка на исламистичките групи Хамас, Хезболах и иранската Револуционерна гарда, за бегство од затвор и навреда на судот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор