Собири во Берлин во помен на жртвите на терористичкиот напад
Жители на Берлин денеска се собраа на местото каде пред два дена се случи терористичкиот напад, со цел да испратат пораки на солидарност до семејствата на загинатите и повредените и да порачаат дека тероризмот нема да ги подели германските граѓани.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, дел од насобраните граѓани носеа транспаренти со пораката „Нема да не поделите“ и ја пееја песната „Ние сме светот“ (We are the World).
Во исто време, германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) повика на панихида за жртвите на терористичкиот напад пред кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, обвинувајќи ја дека таа е одговорна „за смртта на 48 луѓе“.
Водечки членови на партијата на социјалните мрежи порачаа „Доста е доста, покажаете ги своите лица во Берлин“ и повикаа на масовно присуство со кое треба да се осуди политиката на Меркел кон бегалците.
Дел од германската јавност остро ја осуди АФД за злоупотреба на нападот во Берлин за политички цели, бидејќи уште пред да бидат познати какви било детали за напаѓачот, партијата терористичкиот напад го поврза со политиката на отворени врати за бегалците од страна на канцеларката.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ