Македонија
20. April 2016 - 22:03

Собир на ГДОМ во Кавадарци

Многу добро знаеме што значи да се сака татковината. Тоа што нашите пријатели од Социјалдемократскиот Сојуз кои се нарекуваат Македонци, стануваат против сопствената татковина, е срам за нив. Ваква порака испрати во Кавадарци Оливер Андонов, за време на протестот кој беше организиран од ГДОМ, во паркчето близу полицијата.

Тој истакна дека ГДОМ застанува пред македонските  граѓани и го организира овој  собир за поддршка на нашата татковина, на нашата убава Македонија и за нејзин напредок”.

- Срамота  е да ја озборуваат татковината во странство, срамота е да бараат чадори во сопствената татковина. И срамота е да се нарекуваат опозиција. Затоа што таканаречени, немаат храброст да застанат пред граѓаните, пред сите вас, па да се соочат со сите вас на 5 јуни на избори. Тоа го покажуваат криејќи се на протестите на кои повикуваат зад некое невладино, односно нејасно здружение, нагласи тој.  

Тој нагласи дека ГДОМ е граѓанско здружение кое не ги дели Македонците по партиска припадност.

Одложувањето на изборите според него, е агонија за Македонија и порача дека  кој не сака, не мора да оди на избори.

Пред присутните се обрати и Александар Даштевски кој кажа дека постојано сите уметници,  актери , спортисти, се придружуваат на оваа здружение, на иницијативата односно на распишаните избори и излегување на 5 јуни и гласање за прекинување на оваа вештачка криза која ја предизвика опозицијата и трае повеке од година и пол .

Нагласи дека никој не може  без гласовите на граѓаните да биде во Влада, ниту  да бара уште една година Влада на национален спас која не е избрена од граѓаниет на Република Македонија.