Собир на активисти на ГДОМ во Охрид
Во Охрид попладнево пред зградата на Општината протестен собир одржаа активистите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
На протестот како и на собирите на ГДОМ во останатите градови на Македонија беа повторени барањата на граѓанската асоцијација за повлекување на одлуките на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушески, како и за одржување на изборите на 5 јуни, како единствен начин за надминување на политичката криза во земјата.
На контрапротестот пред Општина Охрид на граѓаните им се обрати Мирко Томоски, активист на ГДОМ, кој меѓу другото рече дека секој човек треба да ја сака и да застане на браникот на својата татковина.
- Ние не сме тука партиски. Јас не сум член на нити една партија. Пораката е прво да се сплотиме сите што сме Македонци. Сите Македонци да бидеме едно со една идеја, со една мисла да си ја зачуваме нашата татковина, бидејки ние друга немаме ни остана само едно парче, рече тој.
Собирот помина во мирна афмосфера и без инциденти.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина