Македонија
18. May 2018 - 16:59

Со звуците на „Лилјакот“ од Штраус, матурантите традиционално одиграа квадрил на плоштадот Македонија

Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје, околу илјада матуранти на манифестацијата Матурска парада традиционално го одиграа танцот квадрил.

Матурантите од Скопје танцуваа истовремено со нивните врсници од 62 града во земјава и во регионот.