Македонија
19. February 2019 - 21:28

Со зеленило, фонтани и кафуле ќе се гаси жештината на покривот од ГТЦ

Со зеленило, фонтани и кафуле ќе се гаси жештината на покривот од ГТЦ.Овој простор според термалната мапа на  УНДП е најжешката точка во центарот на градот. Зелениот покрив ќе треба да придонесе за поголема отпорност  од климатски промени и заштита на животната средина. Проектот ќе чини околу 32 милиони денари. Ќе го финансира градот Скопје а ќе го гради конзорциум од повеќе градежни фирми во избор на УНДП.

- За да се одржи одржлив раст и развој на градовите ќе мора да преземее значителни трансфорации во поглед на урбанистичкиот пристап и градењето. Главниот град Скопје е место во кој дневно доаѓа и живее една третина од населението во Македонија. Затоа треба да се преземат активности што поскоро. Ова е нова технологија со која што се дава осврт на новите опасности од климатските промени а тоа се топлотните бранови под кои што е загрозено Скопје. 

Зелениот покрив ќе биде готов летово а за неговото одржување  ќе се грижи ГТЦ како и сопственикот на кафулето кој ќе биде избран на оглас.

Површината на зелениот покрив е 1800 м2. Градот планира понатаму да го уреди и останатиот дел над ГТЦ. Општината Центар пак најави раззеленување на уште неколку други објекти во централното подрачје меѓу кои се една градинка и основно училиште.