Македонија
2. October 2019 - 17:06

Со засилена динамика тече изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Со засилена динамика ќе продолжи изградбата на автопатот Кичево –Охрид .Министерот за транспорт и врски Сугарески најави дека се прават напори дел од патот на делницата од Охрид до Врбјани да биде отворен наредната година додавајќи дека  со изготвувањето на препроектирањата дополнително ќе бидат ангажирани лица на свлечиштата.

До застој на градежните работи дошло поради лошите проекти но и истекувањето на договорот во јануари 2019 што оневозможило користење на резервните средства некаде околу 200 милиони евра.

Министерот Сугарески најави реконструкција и на патниот правец до Пештани ,магистралниот пат Струга- Ќафасан и рехабилитација на делницата од Пештани до Св.Наум .