Македонија
26. May 2018 - 16:26

Со законски измени- абортус во еден ден

Жената која сака да абортира ќе може да го направи тоа истиот ден. Нема повеќе чекање на три работни дена за да размисли дали абортусот е конечна одлука, а ќе биде укинат и задолжителниот ултразвучен преглед за слушање на срцевите тонови. Ова според информации на Сител е содржано во работната верзија на измените на законот за абортус кои неколку месеци ги подготвуваат во Министерството за здравство. Оттаму не прецизираа кога за нив ќе гласаат пратениците.

-Работната верзија е спремна, наредната недела ќе се состане работната група да ги финализира измените и подготвената верзија ќе ја достави до собранието, стои во писмениот одговор од МЗ.

Наместо до 10-тата во иднина абортусот ќе може да биде направен до 12-тата гестациска недела, а ќе биде избришаната досегашната законска обрска со која една жена може само еднаш годишно да абортира. Гинеколозите коментираат дека идниот закон ќе биде полиберален и нема да го доведуваат во прашање животот на жената со долго чекање за оваа процедура. Ќе има советување за жените а најверојано во измените на Законот за абортус ќе влезе и проширување на позитивната листа со терапија за контрацепција. 

-На Клиника за Гинекологија за абортус во првото тримесечје жената плаќа 100 евра. Доколку е во поодмината бременост и се вклучени комисии тогаш цената е повеќе од 200 евра. Затоа гинеколози бараат таа сума да биде намалена за социјалните случаи. 

Законот за абортус беше донесен пред околу пет години и тогаш предизвика бурни реакции во јавноста и кај невладините организации.