Ракомет
10. April 2016 - 20:00

Со утешна победа над Чиле македонските ракометари ги завршија олимписките квалификации

 
 
  Во натпревар без резултатско значење, македонските ракометари ја победија селекцијата на Чиле со 30:27 полувреме 17:14. 
 
Откако по двата порази од Полска и Тунис, репрезентацијата на Македонија се збогува со шансата за настап на Олимписките игри во Рио, попладнево црвено-жолтите го добија Чиле во меч во кој најголемиот дел го одиграа играчите кои имаа помала минутажа на претходните две средби.
 
Така, Никола Костески беше најефикасен со 6 постигнати голови, додека по четири придодадоа: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски за кој ова беше последен меч во црвено-жолтиот дрес.  
 
Македонија како трето пласирана ќе заврши во квалификациската група 1, во која меч за престиж и за првото место ќе се борат домаќинот Полска и селекцијата на Тунис кои летово ќе играат на Олимпијадата во Рио.