Loading Video...
Кошарка
7. January 2022 - 11:51

Со тројката на Берет во последната секунда Њујорк го победи Бостон

Најнеизвесниот дуел од синоќешна понуда во НБА лигата го одиграа екипите на Њујорк и Бостон. 
 
Иако имаа негатива од дури 25 поени разлика, кошаркарите на Њујорк не се откажаа, па со тројката на Ер Џеј Берет со звукот на сирената победи „Никси“ славеа победа со 108-105. 
 
Барет натпреварот го заврши со 13 поестигнати поедни, додека Французнот, Фурние беше најефикасниот со 41 постигнат поени притоа реализирајќи рекордни за него 10 тројки.
 
Феникс Санс забележа победа во дуелот со ЛА Клиперс 106-89 и се врати на врвот на табелата во Западната конференција. 
 
До 30-тиот тиумф „сонцата“ Камерон Џонс кој постигна 24 поени, но одлична парѕија имаше и ветеранот Крис Пол кој срадбата ја заврши со трип-дабл учинок со 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции. 
 
Без својот најдобар играч Стеф Кари, екипата на Голден Стејт загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 101-96. 
 
Брендон Инграм со дабл-дабл ефект од 32 пони и 11 скокови беше најзаслужен за оваа победа на домаќините. 
 
И во последниот натпревари од синоќешната програма победа остварија домачините и тоа Мамфис убедливо со 30 разлика го надигра Детроит совладувајќи го со 118-88.
 
Сега Феникс е нов лидер во Западната конференција со 30 победи, една победа повеќе од Голден Стејт, а две од Јута.