Loading Video...
Кошарка
4. September 2020 - 8:26

Со тројка во последната секунда Торонто го победи Бостон

Шампионот Торонто ја забележа првата победа во дуелот против Бостон во полуфиналето од плејофот во Источната конференција. 
 
Јунак во неизвесниот натпревар до самиот крај беше Онуноби кој погоди тројка со звукот на сирената за победа на Рапторси со 104-103 со што Торонто ја намали предноста на Бостон на 1-2 во победи. Кајл Лаури со 31 во победничката екипа и Кемба Вокер со 29 поени кај поразениот тим, беа најефикасните играчи на натпреварот. 
 
Затоа пак во вториот натпревар од синоќешната програма, ЛА Клипер го декласира Денвер совладувајќи го со убедливи 120-97, за водство од 1-0 во полуфиналето на западот. 
 
Каваи Ленард со 29 боени беше најефикасниот играч на Клиперси, за кои Пол Џорџ придодаде 19, а Морис 15 поени, колку што на спротивната страна имаше Никола Јокиќ најефиксниот играч во поразената екипа.