Македонија
1. July 2020 - 10:43

Со трактор удрил 9-годишно дете

На 30.06.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Беловиште, тетовско, трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удрил пешак на возраст од девет години од Штип. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.