Живот
21. April 2018 - 14:11

Со торнадо нема шега: Ја снимаа силната бура, а потоа разорниот ветер им го фрли автомобилот како да е кибрит

 

 

Драмата која Савана Боерјан и нејзиниот маж Брендон ја доживеаја неодамна на пат во американската држава Арканзас ја вид речиси 7 милиони луѓе и речиси сите се сложуваат дека човекот и натаму е немоќен пред природата.

Оваа млада двојка во текот на патувањето забележала дека се расипува времето и дека над глава им надоаѓаат мрачни облаци. Савана го зела телефонот и почнала да снима, а брзо сфатиле дека им се наближува разорно торнадо.

Иако Брендон ја уверувал сопругата дека се ќе помине брзо, ударите од ветрото почнале да го лулаат автомобилот и кампетот што го влечеле.

Само неколку моменти подоцна торнадото ги зафати и ги фрли од патот, како да се играчки.

Двојакта помина со полесни повреди, но нивниот автомобил и камперот буквално се уништени.