Македонија
20. April 2018 - 16:39

Со топлото време, неодговорните моторциклисти ги претворија скопските улици во тркачки писти

Крвав крај на матурската вечер. 4 лица се повредени во сообраќајна несреќа на Партизанска. Пијани матуранти возејќи со огромна брзина удрија во мотор кај Сити Мол. Оваа симулација е приказ на честите незгоди кои се предизвикани токму од возачи во алкохолизирана состојба или возат со голема брзина. Една лента од булеварот беше затворена за сообраќај а лекарите и полицијата симулираа извлекување на повредените од возилото.

СВР и Црвениот крст ги почнаа активностите за превенција во сообраќајот во пресрет на матурските прослави. Кампањата која предизвика големо внимание кај минувачите денеска пред најголемиот тргоски центар на Партизанска е наменета за средношколци но и за родителите. 

Најчестите причини за сообраќајни несреќи се конзумација на алхолох, непрописна брзина, зброување на мобилен телефон. Според инспекторот од СВР важно е превентивно да се делува но неизбежни се и репресивните мерки со цел подигнување на свеста и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои 25 годишна девојка на велоспед  е тешко повредена. За изминатото деноноќие изречени се 108 казни за возење без дозвола, непрописно престројување, минување крстосница на црвено, казни за мотоциклисти кои возеле без кацига.

Црната статистика во МВР е значително зголемена изминатиов период. Првите три месеци од 2018 на подрачјето на СКопје се случиле  774 незгоди. Во иститот период животот го загубиле 5 лица од кои еден пешак, еден возач на мотоцикал и тројца возачи на автомобил.