-->
-->
Со сурутка против стрес, замор, притисок и прочистување на организмот
-->
Протеини, витамини (Б2,Б6,Б12,Ц, К), аминокиселини, ензими и минерали кои го одржуваат здравјето на луѓето ги содржи добро познатата сурутка.
Хемиски произведените лекови го преоптоваруваат црниот дроб бидејќи не се од природно потекло, па затоа народната медицина предвидува консумација на “сурутка” за време на терапиите.
Регенерирањето на црниот дроб со сурутка се применува подолг период и тоа секојдневно- од 0,5 до 1 литар, а притоа се избегнува мрсна храна, алкохол, цигари. За подобрување на здравствената состојба и побрзо лекување, потребно е редовно хранење со младо сирење, кое најдобро се јаде за појадок на празен стомак.
Сурутката исто така се препорачува за слабеење, бидејќи протеините го поттикнуваат слабеењето и влијаат на зголемувањето на мускулната маса. Исто така сурутката дава чувство на ситост бидејќи влијае врз зголемувањето на нивото на хормонот кој го намалува апетитот.
Сурутката е нус-прозивод од обработката на сирењето. Тоа е течност која останува по коагулација на млекото. Таа има висока количина на вода, а малку калории и маснотии. Литро сурутка во себе има околу 360 калории, што е половина од калориите во еден литар млеко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година