-->
-->
Со средства од Светска банка во Берово ќе се развива планинскиот велосипедизам
-->
Берово е единствената општина од регионот која доби европски пари за развој на туризмот. Благодарение на ангажманот на здружението „Малешевска корија“ која го организираше настанот „Малешевијата – Планински рај, активен, еко и традиционален туризам“, туристичката понуда во Беровско со поддршка на Светска Банка ќе се збогати и со планински велосипедизам.
-Планирано е набавувањето на 25 високо квалитетни велосипеди за планински туризам со опрема кои ќе им понудат ново доживување на туристите, при што во рамки на активностите беа обучени и двајца водичи, изјави Антонија Шишак, директор на проектот.
На овој начин, убавините на туристичкиот бисер на Истокот, ќе можат да се доживеат и на еден поинаков начин, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар кој имаше прилика да го посети Берово.
-Во таа насока Берово е прекрасно место, во кое јас имав прилика да уживам во овдешните природни убавини во исхраната и постојат многу работи кои можат да го направат Берово убаво туристичко место со добри понуди, изјави Жбогар
Средствата што ги доби беровското здружение се дел од еден поголем проект за Локална и регионална конкурентност што се реализира во три компоненти.
-Поддршка на локалната самоуправа во изградба на инфраструктура за поттикнување на конкурентноста, особено во туризмот, поддршка на микро, мали и средни претријатија кои се занимаваат со туризам и угостителство, како и поддршка на здруженија и асоцијации од туристичката дејност, истакна Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.
Европската Унија и Светска бакна финансираат вкупно 47 подпроекти со грант од 18 милиони евра за развој на туристичките потенцијали.
-Планинскиот-спортски клуб „Малешевска корија“ од Берово е една од 17-те асоцијации кои добија под-грантови од Проектот. Вкупната вредност на овие под-грантови за асоцијации е над 1,2 милиони евра, за развој на нови атракции за туристите низ целата земја, како што се летање со балони на топол воздух, јавање коњи , планински велосипедизам, обележани патеки за пешачење, самоводечки тури и падобрански скокови во тандем, изјави Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија и Косово.
Дека туризмот може да биде една од гранките која што може да ја задвижи економијата покажуваат и последните официјални бројки кои велат дека споредбено со септември 2018 година забележлив е зголемен број на туристи за 12,8 проценти, како и зголемување на број на странски туристи за 17,8 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна