-->
-->
Со специјален лет граѓаните кои се во Словенија се враќаат дома во Македонија
-->
Со специјален лет на компанијата Виз Еир, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат дома во Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома.
Сите тие претходно дале согласност дека ќе останат 15 дена во државен карантин.
Во организирањето на летот учествуваа Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Македонија во Словенија чии претставници лично ги испратија нашите граѓани до аеродромот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува