Македонија
2. September 2020 - 11:18

Со сослушување сведоци, продолжува судењето за „Титаник“

На судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ денеска во Кривичниот суд треба да бидат сослушани четири сведоци, предложени од Обвинтелството.

Денешното рочиште почна со мало задоцнување, заради  увид во списите на предметот од страна на обвинетите.

Обвинетите во овој предмет се поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу нив е и  поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.