Кошарка
10. September 2015 - 17:13

Со солзи во очите Илиевски стави крај на репрезентативната кариера

Капитенот на македонската репрезентација, Владо Илиевски се збогуваше од националниот тим по мечот против Словенија и изјави дека е горд што бил дел од оваа репрезентација и ова

Плејмејкерот во солзи го напушти теренот, емоциите го совладаа на крајот, но потоа, на прес-конференцијата го соопшти тоа што беше очекувано - дека става крај на репрезентативната кариера.

„Беа подобар тим, заслужено не победија, дојдоа до водство уште на стартот, а ние се обидовме да се вратиме но не усеавме. Мислам дека бевме многу подобри од вчера, ја испуштивме шансата против Грузија, требаше да победиме за да не одиме по потешкиот пат денес. Ова беше мојот последен меч за националниот тим, горд сум што бев тука со овие момци, специјално сега на ова ЕП како капитен и лидер. Горд сум навистина што бев дел од македонскиот тим и се надевам дека генерацијата ќе продолжи да игра на големите собири. Имав добри и лоши моменти, направив многу пријатели“, изјави Илиевски.