Македонија
30. August 2015 - 16:55

Со софра означен крајот на туристичката сезона во Охрид

Традиционалната манифестација Охридска софра симболично го означи крајот на летната туристичка сезона.Многубројните присутни и туристите  во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“ во селото Скребатно уживаа во традиционалната охридска кујна и локалните специјалитети со посебен осврт на ѓомлезето кое е надалеку прочуено и барано од странците.

За подготовка на ѓомлезе оваа година имаше пријавени учесници и од други градови, што претставува доказ дека традиционалниот начин на подготовка е проширен и надвор од Охрид.

Манифестацијата Охридска софра која се одржува по трети пат прераснува во традиција која има за цел привлекување на туристи и продолжување на сезоната во главниот туристички центар.