Живот
26. January 2019 - 14:27

Со секира речиси му ја преполови главата, а пред нападот остави ужасна порака: Еден ден ќе убијам многу луѓе!

Транссексуалката Еви Амати е осудена во Австралија на четири ипол години затвор поради обид за убиство. Надзорните камери открија дека Еви на 7 јануари 2017 година упаднала на бензинска станица во местото Енмор кај Сиднеј, вооружена со секира и го удрила Бен Румер во лице, а потоа нападнала уште еден муштерија.

Нејзините адвокати тврделе на суда дека за се е виновна нејзината операција на промена на полот поради која трпела болки и била лута на сите и имала желба да убива странци.

Бен Ример сега проговори за медиумите и откри како еден удар со секира речиси му ја преполовил главата. Морале да му вградат четири плочки од титаниум за да му го држат лицето. Ќе ги има цел живот.

ПРЕДУПРЕДУВАМЕ - СНИМКАТА Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:

Бен е бесен поради пресудата, бидејќи Еви би можела да излезе за помалку од 5 години. Бара судот да и ја дуплира казната.

Наводно Еви била дрогирана кога влегла во дуќанот на бензинсакта станица со секира тешка два килограми.

Еден час пред нападот, на социјалните мрежи оставила порака: „Еден ден ќе убијам многу луѓе“.

Наводно била бесна зошто имама лош состанок со жена која ја запознала преку Тиндер.