Loading Video...
Ракомет
20. October 2021 - 12:48

Со само шест гола во едно полувреме Пелистер немаше шанси против Ним

Во рамките од 1.коло на ЕХФ Европската лига  битолски Еурофарм Пелистер беше убедливо поразен од францускиот претставник Ним со 26-21 иако петте голови разлика можеби и не ја одразуваат вистинската слика за текот на мечот во кој гостите имаа и 10 годолви предност за пелистерци во првиот дел постигнаа само шест гола. 
 
„Игравме лошо посебно во првото полувреме каде шутиравме избрзано и промашувавме, а исто така и голманот на Ним беше расоложен и блескаше. Така, беше тешко да се игра против ривал како Ним, посебно ако треба да бркаш резултат и да бараш баланс уште од стартот. Уште еднаш, честитки за ривалот и многу успех во сезоната“, изјави Жељко Бабиќ.
 
Во другите две средби од 1.коло во Д групата во Атина Аек ја декласира Татабања со 34-26, додека во Лисабон, Спортинг славеше над Кадетен Шафхаузен минимално со 29-28.
 
Токму швајцарската екипа Кадетен ќе биде следниот противник на Е. Пелистер во второто коло закажано за во вторник 26 октомври