Со ребалансот на Буџетот на Град Скопје повеќе пари за комунални работи и за гасификација
Повеќе пари за реконструкција и подигнување на јавното зеленило, за расчистување на дивите депонии и дополнителни 15,5 милиони денари за основање на новото акционерско друштво за енергетски дејности и за гасификација се предвидени во Предлог-измените на Буџетот на Град Скопје кои денеска ги разгледуваат советниците на Град Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека најголемите промени во вкупните предвидени средства се однесуваат на секторот за комунални работи каде што е предвидено зголемување на средствата за 67.150.000 денари. За реконструкција и подигнување на јавно зеленило предвидени се дополнителни 40 милиони денари, а за расчистување на дивите депонии дополнителни пет милиони денари.
Најмногу средства се кратат во секторот за сообраќај каде е предвидено намалување за 104.850.000 денари. Намалување има и во секторите за планирање и уредување на просторот, јавни дејности и локален економски развој, а незначителни промени во секторите за информатичка технологија и модернизација, животна средина, образование, меѓународна соработка, инспекторат, како и кај Бригадата за противпожарна заштита.
Во делот на капиталните расходи од областа на урбанизмот предвидени се средства кои се однесуваат на можна изградба на улиците „Есенинова“ и „Боца Иванова“, реконструкција на булеварот „Никола Карев“, изградба, одржување и реконструкција на улиците „Брадфордска“, „Македонско-косовска бригада“, „Андон Димитров“ (Жарко Зрењанин) и „Живко Фирфов“ (Ужичка Република); како и на изградба, реконструкција и одржување на мали плоштади.
Основниот буџет во вкупен износ е намален за 27 милиони денари.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија