Со растот на бројот на мигранти, состојбата на грчките острови станува критична
Со зголемување на бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат на грчките острови на Егејот, состојбата во прифатните центри повторно станува критична, објави грчкиот весник „То Вима“.
Според весникот, бројот на мигранти во прифатните центри е над 13.700 лица, а на островите ја нема потребната инфраструктура за нивно згрижување. Стотици лица се уште се сместени во шатори и покрај тоа што зимата е на прагот.
Бројот на новопристигнати мигранти во Грција изнесуваше околу 1.500 во август и порасна на 2.428 во септември.
Главната мигрантска рута во Грција води преку Турција кон некој од поголемите грчки острови блиску до турскиот брег, како што се Кос или Лезбос, по што мигрантите се сместуваат во кампови или се обидуваат да се префрлат до Атина.
Освен на островите близу брегот на Турција, Грција има уште над 45.000 бегалци и мигранти сместени во 50-ина кампови во близината на Атина и на северот на земјата. Амнести Интернешнл ја опомена Грција дека условите во овие кампови се неприфатливи.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот