Македонија
15. October 2016 - 11:27

Со проекцијата на „Мед во главата“ во Охрид ќе биде отворен 12-тиот Фестивал на новиот германски филм

Со вечерашната проекција на трегикомедијата „Мед во главата“ на режисерот Тил Швајгер, во Охрид започнува 12-тиот Фестивал на новиот германски филм.

Во рамки на фестивалот организиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија, „ПроКредит Банка“ и Центарот за култура „Григор Прличев", пред охридската публика ќе бидат прикажани уште и филмовите „За една девојка“ (комедија драма), „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), детскиот филм „Куќата на крокодилите“, „Хердер-помеѓу два света“, „Тура на животот“ (трагикомедија).

Проекциите на филмовите ќе се одржат во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.