Македонија
6. March 2021 - 16:50

Со продажба на градежно земјиште Карбицнци обезбеди средства за инфраструктурни проекти

480 000 евра инкасира малата рурална општина Карбинци од продажба на 80 000 метри квадратни градежно земјиште. 20 % од средствата се трансферираат во државната каса, а со остатокот од околу 24 милиони денари, локалната самоуправа ќе ја ревитализира општинската инфраструктура.

-За уредување на самата индустриска зона, односно, за изградба на пристапни патишта, улици, канализациски и водоводни системи, пешачки патеки и осветлување. Значи со исклучива намена за поддршка на стопанството во самата зона-изјави Јордан Насев, градоначалник на Општина Карбинци

Општината ќе оствари и долгорочен бенефит. На близу 2/3 од земјиштето ќе се инвестира во  за производство на т.н. зелена енергија, поточно, на 48 000 метри квадратни ќе бидат изградени 2 фотоволтаични централи со моќност од по 1 мега ват.

-Со ова, како општина Карбинци ќе добиеме стабилизација на енергетскиот систем. Инаку, се работи за приватна иницијатива, во која инвеститорите, нормално, си го најдоа и сопствениот интерес, додаде Насев

На крововите на подрачните училишта и градинките веќе се поставени сончеви колектори и се енергетски ефикасни, односно, имаат заштеда и до 50 % од потрошувачката на електрична енергија.